Мимоза 2

Потребни состојки:

16. јајца
16 лажици шеќер
400г. лешници
300г. урми
250г. шеќер во прав
200г. чоколада
250г. маргарин за готвење
Шлаг крем од ванила

За фондант:

300г. локум
300г. шеќер во прав

Пандишпан: Купете печени лешници. Доколку не се печени испечете ги во рерна на тивок оган на 100°C. Кога ќе добијат црвено- кафена боја извадете ги и оставете ги да се оладат. Потоа ситно исецкајте ги.
Во меѓувреме, земете 8 јајца и во два сада одвојте ги белките од жолчките. Почнете со матење на белките. Додека матите додадете 8 лажици шеќер. Матете се додека добиете цврст снег. Потоа престанете со матење. Додадете 200г. лешници и 150г. сецкани урми. Користете пластична шпатула за да измешате. На еден плех од шпорет ставете хартија за печење. Истурете ги белките на плехот и размачкајте. Печете на 150°-160°C додека пандишпанот добие црвено-кафена боја. Потоа извадете го од рерна. На работната маса ставете кујнска крпа и на неа превртете го пандишпанот. Извадете ја хартијата за печење. Направете уште еден пандишпан според истата процедура.

Фил: Земете го садот со 16 жолчи и додадете 16 лажици шеќер во прав. Потоа изматете ги жолчките. Во едно тенџере ставете вода и ставете го на оган. Кога ќе зоврие ставете го садот со жолчките и матете ги жолчките на пареа се додека не згуснат и не станат сјајни. Потоа додадете 200г. чоколада и мешајте додека смесата се изедначи. Тргнете го садот со жолчките настрана да се олади.
Во еден подлабок сад ставете го маргаринот и останатиот шеќер во прав. Матете додека шеќерот се растопи и се добие изедначена смеса. Потоа додадете ја смесата со жочлчките и матете се додека се добие цврста и изедначена смеса.
Земете еден пандишпан и премачкајте половина од филот. Потоа ставете го другиот пандишпан и премачкајте го со остатокот од филот. Изматете шлаг и премачкајте ја тортата со тенок слој.

Фондант: Фонданот можете да го купите готов но можете и сами да го подготвите. Замесете 300г. локум и 300г. шеќер во прав. Месете се додека престане да се лепи. Потоа поделете го фонданот на делови и додадете прехрамбена боја по желба.

Share:

0 Comments

Leave a Comment