Сарма со блитва

Потребни состојки:

20-25                големи листови блитва

500 г.                мелено месо

 1                       главица кромид

 3                       шаки ориз

 3 лажици         доматен сос или кечап

1 лажица          зачин

1 лажица          брашно

1 лажица           мелен црвен пипер

                          масло за јадење

                          бибер

                           сол

           Кромидот го лупиме и ситно го сечкаме. Во тава за пржење ставаме малку масло за јадење и го додаваме кромидот. Тавата ја ставаме на оган. Пржиме додека кромидот не добие стаклест изглед. Потоа го додаваме месото. Пржиме додека месото добие црвенкаст изглед.

         Во меѓувреме ги миеме листовите блитва и ги отстрануваме дршките. Листовите ги оставаме настрана да се исцедат.

         Кога месото ќе почне да се запржува се  додава доматниот сос, зачинот, сол и бибер. Потоа се додава оризот и се промешува. По неколку минути се додава црвениот пипер. Се пропжува уште неколку минути и тавата се трга од оган.

         Започнуваме со виткањето на сарми. Се зема еден лист (доколку листовите се помали може да се искористат и два), на едниот крај  се става една лажица од месото и се витка сарма. Сармите се редат во тава за печење. Кога ќе се потрошат сите состојки во тавата се додава 250 мл. вода. Тавата се става на оган. Кога водата ќе зоврие се остава да врие 5 минути. Во меѓувреме се вклучува рената да се загрее на 240°С. Откако водата во тавата ќе проврие тавата се става во рерна. По половина час во едно мало тавче се става малку зејтин и една лажица брашно. Тавчето се става на оган. Брашното се пржи додека добие златеникава боја. Потоа тавата се вади од рерна и во неа се додава брашното (внимателно може да прска). Тавата се враќа во рерна и се пече уште 20 минути. Потоа се вади од рерна и јадењето е спремно.

Share:

0 Comments

Leave a Comment