Панцероти

Потребни состојки

1кг. брашно

500мл. млака вода

40г. квасец

2 филџани  масло за јадење

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

белка

сусам

За фил:

500г. Шампињони

300г. Кашкавал

300г. Салама

Кечап

Мајонез

Оригано

Во еден сад растворете го квасецот и шеќерот со малку млака вода.

Во подлабок сад ставете го брашното, маслото за јадење, солот, растворениот квасец и преостанатата вода. Замесете меко тесто. Покријте го садот со кујнска крпа и оставете го тестото да отстои половина час.

Од тестото направете 12-14 топчиња(бројот на топчоња зависи колку сакате да бидат големи панцеротите).

На набрашнета површина ставете едно топче и рассучете го во форма на круг. На едната половина ставете 2 лажици кеџап, 1 лажица мајонез и размачкајте со лажица. Потоа ставете 2 парчиња кашкавал, 2 парчиња салама, неколку печурки и малку оригано. Преклопете ја панцеротата и затворете ја со притискање на вилушка. Повторете ја оваа постапка со останатите топчиња тесто. Потоа изматете белка и премачкајте ги панцеротите. Одозгота ставете сусам. Печете на 180°C додека панцеротите не добијат жолто-црвена боја.

Share:

0 Comments

Leave a Comment