Чоконес

Потребни состојки:

100г.              лешници

100г.              ореви

200г.              чоколада

1лажица.       нес кафе

1лажица.       масло за јадење

Лешниците и оревите се потпечуваат во рерна на 100°C. 

Чоколадата се крши на делови и се става во мало тенџерче. Потоа се топи на пареа. Кога ќе се растопи се додава нес кафето и маслото за јадење и се трга на страна. Во чоколадата се додаваат лешниците и оревите и добро се промешува. Со мала лажичка од смесата се става во корпичиња за колачи.

 

Декорација

Еден начин на декорација е со кристали од шеќер. Во еден сад се става 1 лажичка шеќер и неколку капки вода. Садот се става на тивок оган. Кога шеќерот ќе се растопи се додава прехрамбена боја по желба. Растопениот шеќер се истура на алуминиумска фолија. Кога ќе се стегне се крши на ситни парчиња. Парчињата се ставаат над колачите додека чоколадата не е стегната. 

Share:

0 Comments

Leave a Comment