Чоколадни цветови

Потребни состојки:

200г.       ореви или лешници

200г.       бисквити

300г.       чоколада за готвење

200г.       шеќер

100мл.    вода

                 рум

    Оревите и бисквитите се потпечуваатна тивок оган, а потоа се мелат. 

    Во еден сад се ставаат шеќерот и водата, се промешува и садот се става на оган водата да зоврие. Кога водата ќе зоврие се трга садот од оган. Потоа се додаваат оревите, бисквитите и малку рум. Се меша додека смесата се соедини. Од смесата се прават топчиња.

     Чоколадата се крши на коцки и се става во сад, а садот се става на пареа. Кога чоколадата ќе се стопи садот со чоколадата се остава над садот со пареа, но се трга од оган. Потоа со силиконска четкичка од чоколадата се нанесува на силиконски калап со различни форми. Калапот се става во фрижидер. По 2-3 минути се вади и се нанесува втор слој чоколада. Калапот повторно се враќа во фрижидер. По 2-3 минути калапот се вади од фрижидер и во него се ставаат топчиња од бисквити и ореви. Над топчињата се нанесува чоколада и калапот се враќа во фрижидер. По неколку минути калапот се вади од фрижидерот и чоколадните цветови се вадат од калапот.

Share:

0 Comments

Leave a Comment