Ролат со мелено месо

Потребни состојки:

500г.             мелено месо

200г.             кашкавал

100г.             сушена сланина

  1                  главица кромид

 

1                    кришка леб

                      малку млеко

150мл.         бело вино

1                    лажица вегета

                      сол и бибер

         

           Во еден длабок сад се става меленото месо. Настрана се сечкаат 100г.  кашкавал, сланината и кромидот. Потоа се додаваат во садот. Кришката леб се дроби на ситни парчиња и се истура малку млеко доволно да се натопи. Потоа лебот се стиска со раце да се исцеди вишокот млеко и се додава во садот. Во садот се додава уште и вегетата, сол и бибер. Се замесува. Смесата се префрла во тава за печење и се формира ролат. Во тавата се додава  белото вино и малку зејтин. Тавата се покрива со алуминиумска фолија. 

       Се става во рерна и се пече на 200°C половина час. Потоа се вади фолијата и се пече уште 20 минути за ролатот да доби убава црвено-кафена боја. Кога ќе поминат 20 минути тавата се вади од рерна и над ролатот се реди преостанатиот кашкавал исечен по должина. Тавата се враќа во рерната. Кога ќе се истопи кашкавалот тавата се вади од рерна. 

 

Share:

0 Comments

Leave a Comment