Бели или кафени јајца

     Сигурно често се прашувате дали да купите бели или кафени јајца и дали постои разлика помеѓу нив.

     Истражувањата покажале дека не постои разлика помеѓу белите и кафените јајца освен во бојата. Тие се со ист квалитет. Поточно квалитетот на јајцата зависи од тоа со каква храна се хранеле кокошките, а не од тоа со каква боја се јајцата. Исто така и цврстината на лушпата не зависи од тоа со каква боја се јајцата. Цврстината зависи од тоа дали јајцата доаѓаат од млади или постари кокошки. Помладите кокошки несат јајца со поцврста лушпа.

     Следен пат кога ќе купувате јајца не се оптоварувајте многу со бојата на јајцата, туку обидете се да дознаете со што се хранат кокошките од кои доаѓаат јацата. Јајцата од домашните кокошки секогаш се со повисок квалитет.

    

Share:

0 Comments

Leave a Comment