Снежната убавица, Попова Шапка, е меѓу најстарите зимско-рекреативни центри на Балканот. Овој зимско рекреативен центар се наоѓа на Шар Планина на 1800 метри надморска висина. Во близина има и врвови кои достигнуваат до 2500м. надморска висина. Се наоѓа на 18 км. одалеченост од градот Тетово и на 53км. од градот Скопје.
Попова шапка изобилува со скијачки патеки, а нуди и услови за зимски екстремни спортови. Патеките се со должина од околу 10км. и капацитет од околу 8000 скијачи на час.
Овој зимско-рекреативен центар се карактеризира со голем број сончеви денови и снег од ноември до април.
0 Comments