Еклери

Потребни состојки

Тесто:

6 финџали              вода

2 финџали              зејтин

6 финџали              брашно

8                              јајца

Фил:

1л.                           млеко

10лажици                шеќер

2                              пудинга од ванила

3л.                           брашно

125г.                        маргарин

125г.                        шеќер во прав

       Во еден сад се става водата и зејтинот. Садот се става на оган. Кога водата ќе зоврие садот се трга од оган и се додава брашното. Садот повторно се враќа на оган и смесата убаво се меша да се добие компактна смеса. Потоа садот се трга од оган и се остава смесата да се излади.

       Во меѓувреме се подготвува филот. Во еден сад се става половина литар млеко и 10 лажици шеќер. Шеќерот убаво се промешува и садот се става на оган. Настрана во еден длабок сад додава половина литар млеко. Во млекото се додава пудингот од ванила и брашното. Убаво се меша. Кога млекото ќе зоврие се додава млекото со пудинг. Се меша убаво додека се добие убав крем. Потоа садот се трга од оган и се остава кремот да се олади.

      Кога тестото за еклери ќе се олади во него се додаваат јајцата едно по едно и се мати со миксер. Потоа се зема од тестото и се полни шприц или алатка за тулумби. На плех од шпорет со шприцот се прават форми во форма на полжав. Тестото се пече на 250°С и рерната не се отвара 15 минути. После тие 15 минути се намалува температурата на 200°С и по потреба се допечуваат. Постапката се повторува додека се потроши тестото.  

    Во еден сад се ставаат маргаринот и шеќерот во прав. Се матат со миксер додека се добие компактна смеса. Потоа се додава изладениот крем. Се мати убаво.

      Еклерите се сечат на половина и се полнат со кремот. Одозгора се попрскуваат со шеќер во прав.

Share:

0 Comments

Leave a Comment