Зачинето јагнешко

Ова е рецепт за печено јагнешко со прекрасна арома и вкус. Ќе добиете меко јагнешко со црвена и крцкава кожа.

Потребни состојки

3кг. јагнешко

1кг. Компир

300г. шампињони

2 морковисеме од коријандер

1 чаша бело вино

40-50мл. масло за јадење

сол

Маринада:

сок од еден лимун

една лажица мед

семе од коријандер

рузмарин

четири лажици сенф

Прво се прави маринадата. Во сокот од лимунот се додаваат медот и сенфот. Се меша, па се додава коријандерот и сечкан рузмарин.Јагнешкото се прободува со вилушка на повеќе места.Убаво се посолува на секоја страна. Потоа се премачкува со маринадата и убаво се трла.Месото се остава 3-4 часа да отстои во маринадата. Потоа се става на плех од шпорет, се полева една чаша бело вино и малку масло за јадење. Потоа се покрива со алуминиумска фолија и се пече на 220°C.

Во меѓувреме се подготвуваат другите додатоци. Се лупат компирите и се сечкаат на коцки. Морковите се лупат и сечкаат на кругови. Печурките можат да бидат цели или сечкани. Сето ова се меша заедно се става масло за јадење и се посолува. Кога ќе помине половина час од печењето на јагнешкото се додава зеленчукот. Се пече уште час и половина. Потоа се вади алуминиумската фолија се става малку масло за јадење и се пече уште дваесет минути до половина час.

Share:

0 Comments

Leave a Comment