Слатко од дуњи

Потрбни состојки

1кг. дуњи

650г. шеќер

1кг. 350г. вода

1 лимун

2-3 тегли

10г. лимунтус

лимун

Во еден длабок сад ставете 1литар вода и лимунтусот. Потоа детално измијте ги дуњите. Дуњите обработувајте ги една по една. Првата дуња излупете ја и исечкајте ја на коцки. Парчињата ставете ги во водата. Повторете ја постапката со останатите дуњи. (Важно е тоа да го направите брзо). Потоа во голем сад истурете ја водата со коцките дуњи. Ставете го садот на шпорет. Кога ќе зеврие течноста,варете 5 минути. Потоа тргнете го садот од оган.

Следно почнете со подготовка на шербетот. Во длавок сад ставете го шеќерот и 350мл.вода. Ставете го садот на оган. Кога течноста ќе зоврие оставете да врие 10 минути. Потоа тргнете го садот од оган.

Следно одвојте ги дуњите и водата(водата не фрлајте ја може да се испие) и дуњите додадете ги во шербетот. Вратете го садот на шпорет и почекајте да зоврие.Оставете да врие 15-20 минути.

Во меѓувреме измијте ги теглите и исушете ги. Потоа загрејте ги(уклучете ја рерната на 50°C и ставете ги теглите во неа.

Кога ќе ги тргнете дуњите од оган земете една тегла и наполнете ја. Понатаму ставете 3 парчиња лимун во теглата и затворете ја. Постапката повторете ја со останатите дуњи.

Теглите оставете ги на страна и покријте ги со кујнска крпа. Оставете ги целосно да се изладат.

Share:

0 Comments

Leave a Comment