Ванилици со сало

Потребни состојки:

500г. брашно
2 јајца
10 лажици шеќер
8лажици сало
12г. пециво
10г. ванила

Во длабок сад ставете ги сите состојки и замесете тесто(ако тестото е премеко додадете уште малку брашно). Потоа ставете го тестото на набрашнета површина и расучете кора со дебелина еден cm. Со алатки во форма вадете различни форми и ставајте ги на плех за печење.Печете на 180°C додека добиете црвено кафена боја. Готовите ванилици посипете ги со шеќер во прав.
За оние кои не користат сало може да употреват маргарин за готвење.

Share:

0 Comments

Leave a Comment