Домашна тарана

Потребни состојки

1кг. брашно

500г. млеко

2 јајца

2 лажички сол

Во длабок сад ставете ги сите состојки. Замесете тесто(тестото треба да биде посуво). Потоа земете два поголеми плеха за печење. Со ренде почнете да го рендате тестото. Ренданото распослете го по целиот плех. Оставете тараната да се суши 4-5 дена. Тараната е готова кога зрната се суви и тврди.

 

Подготовка на тарана

Во едно тенџере ставете 700 мл. Вода, 1 лажица зачин, 1 лажица масло за јадење. Ставете го тенџерето на оган. Кога водата ќе зоврие додадете 250г. тарана. Варете 8-10 минути. Уште топла тараната се става во чинија и одозгора се ренда сирење.

Share:

0 Comments

Leave a Comment