Кањон Матка

Кањонот и езерото Матка се наоѓаат на околу 20 км од Скопје. Овој споменик на природата најчесто е посетен од луѓето од Скопје и околината. Но, во последно време се повеќе се зголемуваат и посетите од странци. 

Доколу сакате да дишете заедно со природата вие сте на правото место. Матка изобилува до ендемски животни, растенија и видови пеперутки кои не и се познати на науката. А највпечатливи се 10 пештери од кои и пештерата Врело која се смета за една од најдлабоките подводни пештери во Европа и светот. 

Исто така ова е право место и за љубителите на планинските спортови. Такви се кајакарство на диви води и алпинизам.

 

Share:

0 Comments

Leave a Comment