Потребни состојки:
2 јајца
2 филџани пченично
брашно
2 филџани пченкарно
брашно
2 филџани зејтин
2 филџани млеко
5гр. пециво
сол
200гр. спанаќ
100гр. сирење
Јајцата се кршат и се ставаат во еден длабок сад. Се матат. Потоа се додава пченичното и пченкарното брашно, зејтинот, млекото и едно лажиче сол. Се промешува убаво. Потоа се додава сецкан спанаќ и исечкано на коцки бело сирење. Повторно се меша убаво. Калапите за мафини се премачкуваат со маргарин за готвење. Потоа од подготвената смеса се истура во калапите. Се печат на 180°C додека добијат златно кафена боја.
0 Comments