Современиот начин на живот бара промена на некои навики во корист на здравиот живот. Навиката во текот на денот да се земаат секакви грицки, без никакви нутритивни вредности мора да се напушти. Квалитетот на животот ќе се подобри доколку се ѕирне во кујната на природата. Овој пат на менито се оревите.
Оревите се одличен извор на протеини и влакна. Тие исто така се одличен извор на витамин Е кој има антиоксидантни својства. Понатаму содржат и амино киселина која нуди повеќе васкуларни придобивки како за луѓето со срцеви заболувања така и на оние со зголемен ризик за за срцеви заболувања.
Некои истражувања покажуваат дека оревите не го намалуваат само ризикот за рак на простата туку и ризикот за ракот на дојка. Конзумирањето две шаки ореви на ден го намалува ризикот за рак на дојка за половина.
Оревите содржат и невро заштитувачки елементи вклучувајќи витамин Е, фолати, мелатонин, omega-3 масти и антиоксиданти. Истражувањата покажале дека конзумирање ореви го подобрува здравјето на мозокот.
Во последно време доста се употребува маслото од ореви. Тоа се добива од суви и ладно цедени ореви. Маслото е богат извор на антиоксиданти, но и на магнезиум и бакар. 35 грама масло од ореви содржи исти нутритивни вредности како и 50 г. ореви. Не се препорачува готвење со ова масло.
Воведете ореви во секојдневната исхрана и со тоа ќе вложите во вашето здравје.
0 Comments