Потребни состојки:
500г. мелено месо
6-7 црвени или зелени пиперки(капија)
1 кромид
1 домат
2 компира
½ финџал ориз
1лажица зачин
сол
масло за јадење
1лажица брашно
1 лажица црвен пипер
бибер
неколку свежи шампињони
Кромидот го лупиме и ситно го сечкаме. Во тава за пржење ставаме масло за јадење, го додаваме кромидот и тавата ја ставаме на оган. Пржиме додека кромидот стане прозирен. Потоа го додаваме месото. Пржиме додека месото не добие црвено кафена боја. Потоа додаваме ориз, еден ситно сечкан домат, зачин, сол. Пржиме уште пет минути и додаваме црвен пипер и бибер. Промешуваме, пржиме околу една минута и тавата ја вадиме од оган.
Црвените пиперки ги миеме и им ги вадиме шишките. Потоа една по една ги полниме со месо. Лупиме еден компир и го сечеме на тенки кругови. Со круговите компир ги затвораме пиперките (Пиперките можат да се затворат и со кругови домат). Ги редиме пиперките во тава за печење. Во тавата помеѓу пиперките додаваме компир на мали коцки и свежи шампињони и половина литар вода. Ја ставаме тавата на оган да зоврие и ја влучуваме рерната на 240°C. Кога водата во тавата ќе зоврие ја ставаме во рерна. Печеме 15 минути.
Во меѓувреме земаме една мало тавче, во него додаваме масло за јадење и една лажица брашно. Го ставаме тавчето на оган и го пржиме брашното додека не добие светло кафена боја. Ја вадиме тавата со пиперките од рерна. Внимателно ги вртиме пиперките на другата страна и го истураме запрженото брашно над пипрките. Тавата ја враќаме во рерна. Печеме уште 15-20 минути и ја вадиме тавата од рерна.
0 Comments