Потребни состојки:
400г. свинско месо
3 црвени пиперки
(капија)
1 модар патлиџан
2главици кромид
1сртуг праз
1тегла шампињони
7-8лажици доматен сос
1чаша вино
50мл. масло за јадење
сушен магдонос
сол и бибер
Во еден сад се става месото и се налева вода да се покрие месото. Во водата се додава и една шака сол. Месото се остава 2-3 часа да се маринира.
Кај нас скоро секое семејство во замрзнувачот има печени и излупени пиперки кои се чуваат за на зима. А се почесто се замрзнуваат и модри патлиџани кои се претходно испечени излупени и исцедени. За овој рецепт ни требаат такви. Доколку користите свежи пиперки и модри патлиџани треба прво да се испечат.
Месото се вади од водата се сечка на коцки. Потоа се става во тенџере во кое се додава и една чаша бело вино и малку сол. Месото се вари на тивко со виното. Кога ќе испари виното се додава малку масло за јадење и месото се пропржува. Потоа се трга од оган.
Кромидот се лупи и се сечка. Потоа се додава во тенџере во кое се додава и маслото за јадење. Се става да се пржи на тивок оган и повремено се меша. Кога кромидот ќе добие стаклест изглед во него се додаваат сечкани пиперот, модриот патлиџан и празот. Се продолжува со пржење на тивок оган и повремено се промешува. Потоа се додаваат печурките и малку од водата од печурките. Следно се додава месото и доматниот сос. На крај се додава сол, бибер и магдонос. Се пржи уште десет минути со повремено мешање и се вади од оган.
0 Comments