Езеро Козјак

На околу 40км од Скопје се наоѓа најголемото вештачко езеро во Македонија, Козјак. Езерото е долго 32 км, а на места достигнува длабочина до 130м. Тоа е создадено 2004 година. 

     Во езерото се среќаваат повеќе видови риба,како: поточна пастрмка, крап, виножитна пастрмка, клен, скобуст, јагула, мрена и други.

      Над езерото се издига природниот резерват “Јасен”. Во резерватот заштитени животни се дива коза, мечка, рис. А од птиците лештарка, белоглав мршојадец, був и др.

       До Козјак може да се стигне од две страни. Преку Скопје и преку Македонски Брод. Ако се оди преку Скопје се оди низ резерватот “Јасен”, каде може да се ужива во погледот на езерото, дрвата јасен и понекогаш може да се види по некое ретко животно. Доколу се оди преку Македонски Брод може да се ужива во убавините  на реката Треска.

      Езерото сеуште не е преполно со туристи. Но, во тоа можеби е и целата убавина. Затоа што мирот и мирисот на различни билки ве опива. 

 

Share:

0 Comments

Leave a Comment