Посна сарма со зелка

Потребни состојки

500г.                   ориз

4-5 главици      кромид

40-50                 листови кисела

                          зелка

1лажица            зачин со зеленчук

2 лажица           црвен пипер

                           сол

                            оригано

                            босилек

                            бибер

   

         Кромидот се лупи и ситно се сецка. Потоа се става во тава со малку зејтин. Се пржи на тивко. Во меѓувреме оризот се чисти и се мие со вода. Кога кромидот ќе добие стаклен проѕирен изглед се додава оризот. Се промешува и се продолжува со пржење. Се додава зачинот, солот, ориганото, босилекот и биберот. По околу 4-5 минути се додава црвениот пипер. Убаво се промешува и тавата се вади од оган.

         Следно се поготвуваат листовите кисела зелка. Се зема еден лист зелка и се дели на два или три дела во зависност колкави сакаме да бидат сармите. Листовите треба да бидат со приближна големина. Се подготвуваат 40-50 листови.

         На дното на едно поголемо тенџере се дроби зелка на покрупни парчиња. Потоа се прават сармите. Се зема еден лист од зелка на едниот крај се става лажиче од оризот и се витка сарма. Сармите се редат во тенџерето. Се прават сарми се додека има од филот со ориз. Потоа сармите се покриваат со цели листови зелка. Наместо вода во тенџерето се истура расолница(може и вода). Расолницата треба да ги покрие сармите. Тенџерето се поклопува со капакот и се става на оган. Се вари олоку час и половина. По потреба се додава расолница или вода.

          Во едно помало тенџере се става малку зејтин и една лажица црвен пипер. Пиперот кратко се пропржува и потоа се истура во тенџерето со сармите. 

           Рерната се загрева на 220°С. Потоа тенџерето со сармите се става во рерната и се остава околу половина час. Потоа се вади од рерна.

Share:

0 Comments

Leave a Comment