Потребни состојки:
4 јајца
10 лажици шеќер
40 г. прашок за шлаг
150 мл. млеко
4 лажици џем од малини
и кајсии
Во два сада се делат жолчките од белките. Белките се матат со 4 лажици шеќер. Потоа се матат жолчките со 4 лажици шеќер. Белките се истураат во жолчките и се мешаат со шпатула.
Во еден сад се истура млекото, 2 лажици шеќер и прашокот за шлаг. Потоа се мати шлагот. Кога ќе се добие потребнта цврстина се прекинува со матење. Во шлагот се додааваат белките и жолчите. Се мати со миксер на најслаба брзина. Смесата се истура во садови погодни за замрзнување. Над смесата со лажица се нанесува мармалад од малини и кајсии. Садовите се ставаат во фрижидер за длабоко замрзнување. Сладоледот е спремен за послужување после 5-6 часа.
0 Comments