Потребни состојки
2 тиквици
500 г. мелено месо
400 мл. доматен сос
1 главица кромид
1 свежа пиперка
1 морков
40 мл. зејтин
1 лажица мешан зачин
сол
бибер
Бешамел сос
50 г. брашно
50 г. путер
600 мл. млеко
Кромидот ситно се сецка и се става во тава за пржење во која претходно е ставен зејтинот. Тавата се става на оган. Комидот се пржи додека стане стаклест. Во меѓувреме се сецкаат пиперката и морковот, па се додаваат во тавата. Потоа се додава месото. Се пржи околу половина час со повремено мешање. Потоа се додава доматниот сос. Се додава мешан зачин, сол и бибер. Сосот се крчка некое време се додека кога ќе поминеме со лажица не се види дното. Го тргаме сосот на страна.
Започнуваме со подготовка на бешамелот. Во едно тенџере го ставаме путерот. Тенџерето го ставаме на оган. Кога путерот ќе се растопи го додаваме брашното. Брашното се пропржува потоа се додава млекото. Потоа се додава бибер. Се остава сосот да врие на тивко неколку минути и повремено се промешува. Потоа се трга од оган.
Зависно од големината на тиквиците се земаат 2 или 3. Се мијат се отстрануваат краевите и се сечат на кругови. Во тава за печење се става многу малку вода, потоа се редат еден дел од тиквиците. Над тиквиците се става од сосот со мелено месо. Потоа се реди втор ред тиквици. Па повторно од сосот со меленото месо. И уште еднаш тиквици и мелено месо. Најгоре се става бешамелот и со лажица убаво се распределува низ целата тава. Тавата се става во загреана рерна на 220°С. Се пече 30-40 минути.
0 Comments