Јунешко во сос

Потребни состојки

    1кг.                           јунешко месо

    2 главици                кромид

    2                               моркови

    1                              свежа пиперка

    2 лажици                 зачин со зеленчук

    300мл.                     вода

    1 чаша.                    бело вино

                                     сол и црн пипер

     1 лажиче                 брашно

                                     масло за јадење

     1кг.                           компир

     1 лажица.                црвен пипер

 

              Јунешкото месо се сече на подебели шницли.  Кромидот се лупи и се сецка на поголеми парчиња. Морковите се лупат и се сечат на кругови. Пиперката се сецка на поголеми парчиња.

           Половина од месото се реди на дното на едно тенџере. Над него се става половина од кромидот, морковите, пиперката и половина лажица зачин. Потоа се реди останатиот дел од месото. Над него повторно се реди останатиот дел од кромидот, морковите ,пиперката и половина лажица зачин.  Се става и малку сол и црн пипер. Сето ова се прелева со водата и се става на тивок оган да се крчка околу еден час(повремено се проверува дали има вода и се промешува). После еден час се истура виното и се остава да се крчка на тивко уште еден час.

       Во меѓувреме се лупат компирите се сечат на коцки и се ставаат во тава за печење. Се става една лажица зачин, една лажица црвен пипер, малку црн пипер и сол. Потоа се става вода колку да го покрие дното на тавата. Одозгора компирите се прелеваат со масло за јадење. Тавата се става во рерна и компирите се печат на 220°C околу еден час.  

         После 2 часа месото се вади од тенџерето на една чинија. Во тава за пржење се става малку масло за јадење и се става на оган да се загрее. Потоа се става месото и кратко се запржува од двете страни.  Месото се трга на страна и се покрива со алуминиумска фолија.

         Бујонот, каде се варело месото може да се искористи како сос. Прво со вилушка се гмечат кромидот, морковот и пиперката. Потоа во една тава се става малку масло за јадење и се става на оган. Во тавата се додава брашното и се меша. Кога ќе се запржи се додава бујонот. Се остава кратко да се крчка за да се згусне.

          На чинија за сервирање се става парче месо кое се прелева со сос и се става од компирите. Одозгора се декорира по желба.

       Прекрасно и вкусно јадење за љубителите на јунешко месо со кое може да ги воодушевите вашите гости. Пријатно јадење!!!

Share:

0 Comments

Leave a Comment