1 модар патлиџан
100г. сирење
4-5 јатки ореви
1-2 чешниња лук
4 лажици лук
2 лажици павлака
Модриот патлиџан се става во помало тавче и се пече на 180°C околу 15 минути. Проверете со вилушка ако лесно се прободува, готов е. Модриот патлиџан излупете го, и ставете го во цедалка да се исцеди и излади. Потоа ситно исечкајте го и ставете го во подлабок сад. Додадете сечкано сирење,сечкани ореви, сечкан лук, мајонез, павлака и малку сол. Добро измешајте и салатата ставете ја во сад за послужување. Украсете со оригано и сечкани ореви или лешници.
0 Comments