Потребни состојки:
помал кромид
Морков
½ пиперка (зелена или црвена
7-8 парчиња брокула
5-6 листови блитва
магдонос
1 лажица зачин
сол
бибер
масло за јадење
За кнедли
јајце
6лажици гриз
1/2лажиче зачин
Кромидот се лупи и се ситно се сечка. Во едно тенџере се става малку масло за јадење и се става кромидот. Се пржи на тивко околу 3-4 минути. Потоа се додаваат сечкани морковот, пиперката, блитвата и магдоносот и неколку цветчиња брокула. Ова кратко се пропржува и потоа се додава 1 литар вода. Потоа се додава зачин, сол и бибер.
Додека чекаме да зоврие ги правиме кнедлите. Во еден сад кршиме едно јајце. Додаваме зачин, сол и бибер и го матиме јајцето. Потоа го додаваме гризот и мешаме да се изедначи.
Кога ќе зоврие супата со мало лажиче се зема од гризот и се става во супата. Ова се прави додека се потроши смесата. Потоа се остава супата да врие 10 минути па се трга од оган.
0 Comments