Студентите и исхраната

Несоодветната исхрана на студентите не само што може да влијае на нивното здравје и на резултатите  кои ќе ги постигнат во текот на студирањето. Оправдано е тоа што често не се во можност да подготват оброци богати со се што им е потребно. Но, можат да направат промени на некои навики кои ќе им подобрат квалитетот на живот и студии.

На пример кафето може да се замени со какао. Поголемиот процент на какао ја подобрува циркулацијата на крв во мозокот и краткорочно ја зголемува концентрацијата. Понатаму млечните чоколади може да се заменат со чоколади со поголем процент на какао 60-70%.

Рибата и морската храна богата со масни киселини го подобрува фокусот и ефикасноста на студиите. Затоа барем два пати неделно брзата храна заменете ја со сардина. 

Разните грицки како чипсови, флипс…можат да се заменат со јаткасти плодови како ореви, бадеми, лешници и тн. и сушено овошје. Пред секоја сесија студентите можат сами да си направат комбинации на јаткасти плодови и сушено овошје,а можат да додадат и парчиња чоколада. Низ Европа оваа храна се нарекува студентска храна и храна на мозокот.

Нормално секогаш треба да се има при рака свежо овошје и зеленчук. На пример јаболките ја зголемуваат меморијата. Преку бананите мозокот полесно се снабдува со потребните шеќери.

Една од најважните работи која често ја запоставуваме е конзумацијата на вода. Хидратацијата помага во фокусирањето. Затоа секогаш покрај себе треба да се има шише со вода.

Со подобрувањето на исхраната може да се олесни студирањето и да се подобрат резултатите.

Share:

0 Comments

Leave a Comment