Потребни состојки:
7-8 компири варени
4 моркови варени
5 кисели краставички
400г. растителен кашкавал
250г. шампињони
2 конзерви туна
4 лажици ајвар
1 тегла посен мајонез
сол
Во еден длабок сад се рендаат два компири, па морков, краставичка, кашкавал. Половина конзерва туна се дроби и се додава во садот. Потоа дел од шампињоните, лажица ајвар. Се премачкува со мајонез. Постапката се повторува додека се потрошат состојките.
На крајот се додава преостанатиот мајонез, но се оставаат неколку лажици за премачкување. Се додава сол и се промешува целата салата. Потоа се става во садови за послужување и се декорира по желба.
0 Comments