Варени ѓевреци

Потребни состојки:

1кг.                 брашно

500мл.           млака вода

2филџани.     зејтин

5лажичиња.   шеќер

3лажичиња.   сол

40г.                 квасец

250-300г.        сусам

 

         Во еден помал сад со 100мл. млака вода се раствора квасецот со една лажичка шеќер и малку брашно. 

        Во длабок сад се додава брашното. Потоа се додава 400мл. млака вода, зејтинот, 4 лажички шеќер и 3 лажички сол. Од овие состојки се замесува тесто. Тестото се остава да отстои на страна половина час покриено со кујнска крпа. 

        Во меѓувреме во еден сад се става млака вода, а во друг сусам. Кога тестото ќе надојде се кине парче по парче. Секое парче се рола, потоа прво се бурка во водата па се вала во сусамот. Ѓевреците се редат на плех од шпорет. Се печат на 180°C додека добијат црвенкасто кафена боја.

 

Share:

0 Comments

Leave a Comment