Посна бајадера

Потребни состојки:

650г.                шеќер

18лажици.     вода

210г.                маргарин

250г.                мелени лешници

250г.                мелени бисквити

100г.                чоколада

 

За глазура

100г.               чоколада

  20г.               маргарин

    3л.               зејтин

 

         Лешниците се потпечуваат на тивок оган. Кога ќе се изладат се мелат заедно со бисквитите. 

       Во едно тенџере се ставаат шеќерот и водата и убаво се промешуваат. Потоа тенџерето се става на оган. Кога шеќерот ќе се стопи тенџерето се трга од оган и се додаваат лешниците и бисквитите. Потоа се додава маргаринот. Смесата се дели на два дела и во едниот дел се додава 100г. растопена чоколада. 

          Едно тавче се премачува со малку зејтин. Потоа прво се става делот со чоколадата, а над него белиот дел. 

        Во еден помал сад ставаме 100г. чоколада, 20г. маргарин и 3 лажици зејтин. Садот се става на пареа. Кога состојките ќе се стопат садот се трга и чоколадата се истура врз бајадерата. Убаво се премачкува. Бајадерата се декорира додека чоколадата е се уште топла. 

 

Share:

0 Comments

Leave a Comment