Потребни состојки:
8 јајца
550г. шеќер
170г. кокос
3 лажици брашно
1/2л. млеко
4лажици нишесте
1 маргарин
40г. шлаг пена
120мл. млеко
Пандишпан: Јацата се кршат и се делат жолчите од белките. Белките се матат со 250г. шеќер. Кога ќе се добие цврста пена се исклучува миксерот. Се додава 170г. кокос и 3 лажици брашно. Се промешува со шпатула. Сместа се истура на плех на кој претходно се става хартија за печење. Плехот се става во претходно загреана рерна на 160°С. Кога ќе се испече се дели на два дела.
Фил: Во едно тенџере се става млекото и 300г. шеќер. Убаво се промешува. Се става на оган да зоврие. Во меѓувреме во жолчките се додаваат 4 лажици нишете и малку млеко и се матат. Кога млекото ќе зоврие жолчките се додаваат во млекото. Се меша постојано додека се добие цврст крем. Потоа тенџерето се трга од оган и филот се остава да се лади. Следно се мати еден маргарин и во него се додава изладениот крем.
Тортата се филува. Одозгора се премачкува со тенок слој шлаг пена.
Укасување
400г. Локум
400г. Шеќер во прав
Се замесува фондант. Фондантот се дели на делови и се додаваат потребните прехрамбени бои.
За бочвата вино: се замесува топка од корнфлекс и локум и се обликува бочвата.
0 Comments