Потребни состојки:
300г. шеќер
100мл. вода
150г. маргарин
200г. посни бисквити
400г. кикирики
100г. урми
200г. чоколада
3лажици. зејтин
Кикириките се печат на 100°C. Кога ќе се испечат, доколку имаат лушпа се лупат. Можат да се купат и печени но не долени. Потоа 200г се мелат, а 200г. се сечкаат. Се мелат и бисквитите. Урмите се сецкаат.
Во еден сад се ставаат шеќерот и водата и убаво се промешуваат. Потоа садот се става на оган. Кога водата ќе зоврие садот се трга од оган. Се додава 125г. маргарин и се меша. Кога маргаринот ќе се стопи се додаваат бисквитите, мелените кикирики и урмите. Убаво се меша да се добие компактна смеса. Се остава да се олади.
Кога смесата ќе се олади се прават топчиња и се редат на алуминиумска фолија.
Во еден сад се става 25г. маргарин, 3 лажици зејтин и 200г. чоколада. Садот се става на пареа. Кога состојките ќе се стопат садот се трга од оган.
Се зема топче по топче. Прво се вала во чоколада потоа во сецкани кикирики.
0 Comments