Кременадли во сос

Потребни состојки:

5 кременадли

150мл. бело вино

250гр. шампињони

180гр. кисела павлака

1 шака. сол

½ лажица брашно

Масло за јадење

Кременадлите се ставаат во еден длабок сад. Потоа се истура вода да се покријат кременадлите. Се става една шака сол. Ова се остава да стои 2-3 часа(со ова кременадлите ќе станат меки и лесни за подготовка).

 Следно кременадлите се вадат од водата и се  ставаат во тава  за пржење. Се прелеваат со виното. Потоа се ставаат на оган и се крчкаат додека испари виното. Па се додава масло за јадење и се пржат додека зацрвенат. Потоа се вадат од тавата.

Во тавата се додава брашното и се пржи додека зацрвени. Потоа се додаваат шампињоните и 200мл. од течноста на шампињоните или 200мл. вода. Се остава да зоврие и да врие околу 5 минути додека згусне. Следно ја додаваме павлаката. Кратко промешуваме и ги додавеме кременадлите. Вадиме од оган и послужуваме.

Share:

0 Comments

Leave a Comment