Потребни состојки:
1 кг. свински ребра
1 кг. компири
1 чаша бело вино
50 мл. зејтин
1 лажица зачин со сушен зеленчук
сол
сушен босилек
бибер
буковец
Компирите се мијат, се лупат и се сечат на коцки. Се ставаат во тава за печење. Потоа се додава зачин со сушен зеленчук, сол, буковец и една чаша вино.
Ребрата се мијат и се зачинуваат со сол, сушен босилек и бибер. Се сечат на неколку места. Се ставаат над компирите. Одозгора се става зејтинот. Се печат 2 часа на 220°С. По еден час печење тавата се вади од рерна. Ребрата се превртуваат на другата страна. Одозгора се додава уште малку сол, бибер и зејтин. Тавата се враќа во рерна и се пече уште еден час.
0 Comments